| Twitter: Целосен водич |
|
|
| Автор: Дамјан Арсовски | |
| Објавено на: 02.07.2009 | |
|
Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи медиумски имиња, холивудски ѕвезди и компании. Овој водич е составен од претходно објавувани текстови, статии и совети на IT.com.mk. Сите тие се додадени во овој водич со цел да го објаснат овој феномен. Преземи PDF - Twitter: Целосен Водич (1.47 мб). |