|
|
Автор: IT.com.mk
|
|
Објавено на: 16.03.2010
|
Muziboo е сервис за закачување аудио фајлови онлајн и нивно лесно споделување, пример, можете да ги споделите на некоја од друштвените мрежи, Facebook, Twitter, можете да ги вметнете (embed) аудиото во вашиот сајт или да го пратите на пријател да го симне тоа музичко парче.
Клучни зборови: Muziboo совет аудио фајл музика споделување закачување вметнување веб сервис
|
|
|
Автор: Столе Лазаревски
|
|
Објавено на: 12.03.2010
|
Google стартуваше експирементален сервис Google Reader Play, веб базиран сервис кој наместо текстуални RSS фидови нуди креативна визуелизација на тие фидови. Постете го google.com/reader/play, од страна одберете си категорија: вести, спорт, забава... и еден по еден ги разгледувате разновидните информации.
„Reader Play се прилагодува на вашиот вкус - како што прелистувате, тој ќе ни каже кои работи ви се допаднала со кликање на „like“ копчето и ние ќе ги искористиме тие информации да ви понудиме работи што ве интересираат.“ вели Google во блог пост. Клучни зборови: Google совет RSS Reader Plаy визуелизација
|
|
|
Автор: Виктор Арсовски
|
|
Објавено на: 12.03.2010
|
Sketchpad е веб базирана апликација за цртање базирана на canvas, HTML5 елементот. (слично како и Harmony). Апликацијата има интересен интерфејс кој може да си го уредите како сакате, a за цртање има доста основни опции и голем избор на нијанси и текстури.
Sketchpad е само демо за идниот MugTug, но е добар пример за како би изгледале идните веб апликации сместени во „облакот“, одосно апликации кои ќе можете комплетно да ги користите без инсталирање на софтвер. Клучни зборови: Sketchpad HTML5 облак веб базирана цртање canvas совет
|
|
|
Автор: Столе Лазаревски
|
|
Објавено на: 11.03.2010
|
Jas.mk е лесен за користење корисен сајт за креирање на резиме (CV) за многу кратко време кое потоа можете да го симнете во .pdf или .word формат или да го споделите на друштвените мрежи. Moжеби не е LinkedIn, но е .mk сервис!
Регистрирајте се, пополнете ги полињата и voila имате спремно CV. Доколку не сакате резимето да биде јавно имате опција да го заштитите со код. Кодот потоа споделете го со вашиот иден работодавач и тој ќе го разгледа CV-то. Клучни зборови: jas.mk LinkedIn CV резиме совет
|
|
|
Автор: Виктор Арсовски
|
|
Објавено на: 11.03.2010
|
Harmony e веб базирана алатка за цртање која настанала како експеримент на Рикардо Кабело.
Алатката е направена во HTML5 не во Flesh и е навистина креативна алатка за цртање.Доколку имате трпение и вештина ќе можете да направите навистина интересни цртежи, пример како овој цртеж.
Клучни зборови: Harmony процедурално цртање совет HTML5 цртеж Рикардо Кабело
|
|
|
Автор: Виктор Арсовски
|
|
Објавено на: 10.03.2010
|
Нервозни сте, лути на некој, нешто ве мaчи? Тогаш Испразни се! Овој сајт е интересна идеја. Не само што можете слободно да се испукате на интернет, без некој да ви се налути или да има последици, туку преставува и интересен сајт за забава. Има навистина интересни коментари од секојдневието.
Едноставно кликнете на „Тука“, одберете си псевдоним, категорија и напишете што ве мачи во 350 букви. Потоа оставете на посетителите да се сочуствуваат со вашата мака и да ја рангираат вашата порака. Клучни зборови: ispraznise.mk совет изпразни се мака катарза
|
|
|
Автор: IT.com.mk
|
|
Објавено на: 09.03.2010
|
CopyPasteCharacter е едноставен сајт кој ви нуди избор на знаци - ☃ ✌ ☝ ☂ .... Користејќи ги знаците можеби ќе направите посоодветна комуникација со некој на друштвените мрежи, Facebook или Twitter. Доволно е само да кликнете на знакот кој сакате да го пастирате и тој веќе е ископиран на вашиот клипборд. Потоа само пастирајте го каде сакате. Сајтот нуди и HTML код до знакот дололку сакате да го вметнете во дел од вашата страница, можеби блог... А можете и да ископирате и повеќе знаци држејќи го копчето „alt“ додека кликате на знаците. (via @Twibi)
Клучни зборови: copypastecharacter копи пастирај карактери знаци клипборд закачи вметни совет
|
|
|
Автор: Виктор Арсовски
|
|
Објавено на: 05.03.2010
|
Колку и да е интересен Twitter барајќи креативност да пишувате во 140 знаци сепак понекогаш е потребно да напишете нешто подолго. TwitLonger е сервис кој ќе ви овозможи да напишете повеќе и да го објавите тоа на Twitter. Но не ја објавувате целата порака туку само праќате линк до текстот.
Клучни зборови: TwitLong Twitter подолги твитови 140 знаци совет
|
|
|
Автор: Столе Лазаревски
|
|
Објавено на: 04.03.2010
|
Google ја објави новата бета верзија од нивниот прелистувач Chrome со подобрена приватност и навистина кул опција за автоматско преведување.
Доколку сте, на пример, на кинеска страна прелистувачот самиот ќе го детектира јазикот и ќе ви сугерира да го преведете. Преводите се генерират од Google Translate сервисот, што значи дека - прво, има македонски, второ, македонсите превоти и не се баш најдобри и трето, и покрај недостатоците навистина е корисно со еден клик да преведувате страни. Клучни зборови: Google Chrome прелистувач преверување приватност Google Translate chrome совет
|
|
|
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >> |