Учете јазици со Busuu Испечати Е-пошта
Автор: Столе Лазаревски   
Објавено на: 30.06.2009
busuuBusuu.com е друштвена мрежа за секој кој сака да научи еден од четирите јазици - Германски, Англиски, Француски и Шпански. Курсевите, часовите и предавањата се бесплатни и се генерирани од корисниците, така што и вие можете да станете професер и да помогнете на некој да научи јазик.

Предноста на Busuu e што е друштвена мрежа па имате контакт со луѓе кои го зборуваат јазикот кој сакате да го научите. Традиционално кај нас англискиот го учите од македонски професор кој има завршено факултет за англиски јазик, но со Busuu ќе можете да запознаете луѓе кои го зборуваат јазикот. Така што покрај четирите јазици кои Busuu ги нуди за учење, можете да запознаете некој кој ќе ве научи да зборувате шведски, на пример.

Сервисот нуди неколку нивоа за учење на јазикот, секое со фотографии, текст како и аудио и видео. Има и опција да полагате тестови за да си го проверите знаењето. Добро е што дел од материјалот го има и во .pdf формат па може да го носите со себе.

 

Бонус: На Busuu можете да го научите и Silbo Gomero јазикот, јазик за комуницирање на долги далечини со свиркање.



Клучни зборови:  Bussu   странски јазици   друштвена мрежа   Silbo Gomero

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl