|
|
Објавено на: 08.02.2010
|
Tаблет компјутерите се интересно нешто. Првин ги немаше никаде т.е многу малку се знаеше за нив, за потоа да се појави Apple iPad и да почне да се планира за тој пазар кој според истражувањето на In-Stat ќе донесе 4.1 милијарда долари во 2014 година.
Оваа сега за сега звучи како премногу оптимистичка прогноза. Еве да го земеме Apple iPаd како преставник на таблет компјутерите (а кои други ги има?) кои се уште се нова неистражен дел од ИТ индустријата. iPad наиде на многу остри критики, дел заради немање Flash, дел заради неможноста за мултитаскинг( работење на неколку апликации истовремено), и дел поради огромната цена од 500 до 800 долари зависно од спецификациите. Клучни зборови: Tablet pc In-stat Apple iPad Flash мултитаскинг Microsoft 2014 хардвер анализа Google таблет форум
|
|
|
Објавено на: 05.02.2010
|
Google на официјалниот Nexus Оne YouTube каналот ги објави првите две од вкупно 5 видеа од приказната за Nexus One, видеа кои ја објаснуваат идејата и концептот според кој е осмислен и направен нивниот прв мобилен телефон.Во кратките филмчиња зборуваат инжинери од Google кои го споделуваат своето Android искуство и инжинерите од HTC кои го изработија хардверот за мобилниот.
Клучни зборови: Nexus One Google YouTube видео концепт приказна мобилен телефон Android HTC
|
|
|
Објавено на: 03.02.2010
|
На Chromium.org, проектот за слободниот софтвер зад прелистувачoт Chrome и Chrome OS,
се појавија неколку слики и видео за идеи околу иден таблет компјутер кој ќе работи на Chrome оперативниот систем, кој ќе се појави при крајот на оваа година.
Подолу се сликите и видео од идејата за таблетот. Од сликите се гледа дека тастатурата може да се одели и постави низ екранот, а табовите, најверојатно од прелистувачот, се на страна, додека во видеото се гледа интересната манипулација на неколкуте прозорци/табови. Во секој случај целиот концепт изгледа едноставно и чисто, како што може да се очекува од Google. Но... Клучни зборови: Google tablet chromium Chrome OS таблет прелистувач оперативен систем концепт
|
|
|
Објавено на: 29.01.2010
|
Истражувачкиот тим на Nokia престави нова идеја за идната интеракција со мобилниот телефон. Не се работи за екран со допир туку за радар на мобилниот телефон кој го следи важето движете и реагира со намалување и зголемување на звукот зависно од близината меѓу раката и телефонот.
Основната функција за намалување на звукот на телефонот е одлична и корисна. За демонстрација тимот од Nokia го користи мобилниот телефон за мерење на брзината на одење на еден нивен член. Тоа можеби е малку и непотребно. :) Клучни зборови: Nokia радар демонстрација истражување мобилен телефон
|
|
|
Објавено на: 28.01.2010
|
Конечно Apple го објави iPad. Со таблетот ќе можете да читате новини, да гледате филмови, слушате музика, прегледувате слики, да споделувате на друштвени мрежи... целиот интернет на дланка т.е на 7 инчен екран со допир со харддиск од 16,32 и 64 гигабајти. iPad е 1.5cm тенок и тежи помалку од килограм. Батеријата му држи скоро 10 часа. А колку чини? Цената се движи од 500 до 800 долари зависи од просторот и можноста за WiFi и 3G. Клучни зборови: Apple iPad Стив Џобск tablet таблет хардвер 7 инчен екран уред мултимедија
|
|
|
Објавено на: 27.01.2010
|
Денеска во 19 часот Apple на „Come see our latest creation“ настанот ќе го објави долгоочекуваниот Tablet. Apple успеа да го скрие името, дизајнот и другите детали за уредот, но не успеа да ги спречи шпекулациите и прераскажувањата. Додуше сето тоа одговора на Apple за да се популаризира уредот. Клучни зборови: Apple tablet таблет весници iSlate блогирање во живо настан Come see our latest creation
|
|
|
Објавено на: 18.01.2010
|
Процесот за плаќање преку мобилни е нешто неизбежно, нешто што ќе биде секојдневие, но како да се изведе сето тоа, a при тоа да се овозможи ефикасност и да се спречат кражби? Сигурно ќе видиме многу решенија наредниве години. Едно од тие решенија е и Square проектот на Џек Дорси, ко-основачот на Twitter.
Клучни зборови: Square кредитни картички Кевин Роуз мобилен телефон плаќање Џек Дорси Digg Twitter
|
|
|
Објавено на: 14.01.2010
|
И покрај „галамата“ околу Nexus One, првиот мобилен на Google, сепак бројките од продажбата покажуваат дека Google можеби го потцени мобилниот пазар. Google не дава официјални бројки од продажбата, но според Flurry, кои прават анализа според користењето апликации на iPhone и Аndroid платформите, во првата недела од објавувањето се продадени околу 20.000 Nexus One телефони.
Клучни зборови: Flurry Nexus One Google мобилен iPhone Android продажба мобилен телефон
|
|
|
Објавено на: 08.01.2010
|
3Д наочарите изгледаат откачено и смешно, но заедно со 3Д телевизорите се уредите кои ќе ви направат илузија дека сте во магичните телевизиски светови, а не во дневната соба. Оваа индустрија веќе подолго време се мачи да се пробие до корисниците. Се работи за скапа технологија, за скапи и малку непрактични уреди... и се работи за процес на транзиција од класичните 2Д во 3Д телевизори, процес за кој треба време. Но, можеби 2010 е годината кога нештата ќе се сменат?
Клучни зборови: 3d tv Panasonic Sony 3Д телевизори Toshiba LG Consumer Electronic Show CES Avatar
|
|
|
<< 1 2 3 4 5 >> |