| USB 3.0 ќе се појави до крајот на годинава |
|
|
| Автор: Митко Стојановски | |
| Објавено на: 01.07.2009 | |
Првиот компјутер кој ќе поседува супер брз USB контролер ќе се појави до крајот на оваа година, додека на почетокот на 2010 година треба да започне масовната испорака. Тајванските производители на компјутерски хардвер ќе бидат првите што ќе стартуваат со оваа технологија.„Фактот дека јапонската компанија NEC Electronics работи на составување на USB 3.0 хост контролер сугерира дека првиот компјутер со овие чипови ќе се појави до крајот на годинава.“ пишува TechOn Nikkei. Според извештајот на TechOn Nikkei, со супер брзото USB, брзината на пренос на податоци е зголемена за повеќе од десет пати во однос на USB 2.0. Брзината на USB 3.0 е 5 Gb/s, зголемена од 480Mb/s на 2.0. При презентирање на оваа технологија во Токио се покажа дека супер брзиот USB ја надмина eSATA (external SATA) технологијата и нејзината брзина од 3Gbit/s.
Се очекува обемот на производство во септември да биде милион чипови месечно. Од NEC Electronics предвидуваат дека во 2010 година ќе бидат испорачани околу 26 милиони компјутери со USB 3.0, 140 милиони во 2011, и 340 милиони во 2012. Побрзиот трансфер на податоци ќе ја направи попрактична употребата на екстерните уреди за складирање на податоци. Од друга страна, масовната испораката на компјутери со USB 3.0, ќе ги поттикне производителите на периферни компјутерски делови што поскоро да го имплементираат новиот стандард. Клучни зборови: USB 3.0 TechOn Nikkei супер брз USB контролер eSATA Gb/s |