Smarter Planet тимот на IBM кој работи на концепти како секојдневните нешта да бидат вмрежани и да се воспостави комуникација меѓу нештата, објавија видео во кое ги објаснуваат интернет на нештата и систем на систем концептите.
„Самата планета - приридниот систем, човечкиот систем, физичкиот систем - секогаш генерираат огромни количества информации, но ние не сме навикнати да ги слушаме, да ги видиме или да ги приметиме. Сега можеме бидеќи сите нешта се инструментирани. И сите нешта се меѓуповрзани, така да сега имаме пристап до информациите. Така, може да се каже дека планетата си направи свој нервен систем.“ вели Џорџ Фокнер од SmarterPlanet.
Facebook ќе ги тргне сите апликации кои ги наведуваат корисниците дека со нив ќе откријат кој им ги прегледува профилите. Сигурно таква можност е одлична за некои корисници, но според Facebook никогаш нема да дознаете кој ви го прегледува профилот.
„Не им верувајте на апликациите кои велат дека можат да ви кажат кој го гледа вашиот профил или фото. Тие не можат да го направат тоа.“ вели Facebook.
На 15 март, пред 25 години во 1985 година беше регистриран symbolics.com, првиот .com домен. Истата година беа регистрирани уште пет .com домени, а во 1997 година беше одбележан и милионитиот .com. Денес, пак, се регистрираат по 668.000 .com домени секој месец. Клучни зборови: .comVeriSignдоменреволуција25 годинисреќен роденденsymbolics.comинтернет
(надополнувањето на текстот ќе го најдете после првобичниот текст.)
ICANN, интернационалната организација за имиња на
домени, размислува да воведе посебни домени за порно сајтовите. Порно сајтовите моментално ги користат комерцијалните .com домени. Воведувањето на посебен домен ќе им овозможи на родителите полесно да ги блокираат порно сајтовите, филтрирајќи го само .xxx доменот.
Интересно што иако звучи како добра идеја, сепак овој предлог претходно беше одбиван, прво во 2000 година, па во 2006, па во 2007.
Twitter стартуваше опција за споделување локација. Oпцијата „Твитај ја локацијата“ по зададено е исклучена, што е добро за приватноста пред се на новите корисници, но и одлична опција за користење на геолокацијата да се означи местото на настаните.
Апликацијата ги користи Google Maps и се појавува како мала зелена игличка во најдолниот дел покрај името на апликацијата од каде е испратен твитот. Twitter нуди контрола врз секој поединечен твит дали да ја сподели локацијата, како и опција да ги избришете сите информации поврзани со локацијата од сите претходни твитови. Се чини дека опцијата не е достапна за геолоцирање преку прелистувач, иако е најавено, но ја има на неколку мобилни апликации.
Што би правеле без интернет? Дали интернетот е најголемата моќ што сте ја имале вие како индивидуа? Овие прашања ги поставуваме само 20 години од постојањето на интернетот. За само 20 години над 1.7 милијарди луѓе се онлајн. 79 отсто од нив веруваат дека интернетот е основно човеково право. Преку мрежата влијаеме на секојдневието. Стануваме свесни за нови информации и искуства и отворено комуницираме со други култури. Затоа, славејќи ги дигиталната револуција, BBC започна интересен дво-неделен серијал соодветно крстен „Супер Моќ“, кој преку радио, телевизијата и онлајн сајтови ќе ја објасни и документира моќта на интернетот. Клучни зборови: BBCинтернетсупер моќКомуникацииАрхеоблогГолемата сликасеријалБиБиСикомуникацијаинтеракција#danemasheinternetSuper PowerSouth Park
Дали би сакале да играте рулет со интернетот? Ако да, тогаш вклучете ја вашата веб камера и кликнете старт на ChatRoulette.
ChatRoulette е креација на 17 годишен руски студент Андреј Терновски и е чет сервисот со кој запознавата рандом странци и разговарате со нив. Можеби ви звучи хазардерски да комуницирате со тотални странци на интернет. Уште од мали нозе не учеа не зборувајте со странци бидејќи кој знае какви будали има. Но... дали на шега, дали поради чудни потреби како манијачење, дали поради љубопитност ChatRoulette моментално е посетуван од 1.5 милиони корисници дневно!
Aко ги ставиме информациите на мрежата, научни, владини, истражувачки податоци, други луѓе ќе ги искористат да направат нешто убаво, нешто што не можеле ни да го замислат - вака сир Тиме Бернерс-Ли, таткото на www мрежата, се обрати на престижната TED конференција, наведувајќи
одлични примери за како се користат тие „отворени сурови информации“ меѓу кои и пример со земјотресот во Хаити каде користејќи ги тие информации од разновидни извори и мобилните телефони се креира корисна мапа на Порто-Пренс означувајќи каде се блокирани патишта, болници, кампови за жртвите... Клучни зборови: TEDopen dataTim Berners-LeeХаитиПорто-ПренсТим Бернерс-Лиотворени податоцисподелување информацииТЕД
Четири од пет луѓето ширум светот веруваат дека пристап до интернет е основно човеково право, покажа анкетата на Светкиост сервис на BBC кои прашаа околу 27.000 луѓе од 26 земји. 79 отсто, или 21.330 луѓе, велат дека интернетот им дал поголема слобода, поголемиот дел имаат позитивно мислење за интернет кој им го променил животот, додека девет од десет испитаници рекле дека е одлично место за учење. Клучни зборови: интернетчовеково правоанкетаBBCWorld Serviceистражувањеслобода на говорсподелувањеинформации