Facebook со нов дизајн и 400 милиони корисници Испечати Е-пошта
Автор: Столе Лазаревски   
Објавено на: 05.02.2010
Facebook со нов дизајн и 400 милиони корисници Славејќи го 6-тиот роденден Facebook доби поклон - 400 милиони корисници! Пред само два месеци, на почетокот на декември, друштвената мрежа имаше 350 милиони корисници. Сега откако го доби својот поклон Facebook ги части и корисниците.

„За да го прославиме шестиот роденден и 400-те милиони корисници, го правиме тоа што најмногу го сакаме - градиме и стартуваме нови продукти.“ вели Марк Зукенберг.

Facebook објави нов дизајн кој полека стартува кај корисниците. Новитетите се промена на положбата на нотификациитe, промена на левиот таб коj служи како мени, поинакво разгледување на фотографиите... Има и интересна измена со барот за пребарување кој е многу поголем и е во центар.

Покрај овие измени на дизајнот, блогот TechCrunch открива дека Facebook работи на проект „Титан“ т.е. планира да направи сериозни измени на имејл сервисот, па можеби и да му конкурира на Gmail.

Промена на нотификаци.

Промена во менито за фотографии.



Клучни зборови:  Facebook   Mark Zuckenberg   Марк Зукенберг   400 милиони   дизајн   пребарување   фотографии   друштвена мрежа

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl