Учете новинарство со YouTube Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 30.06.2009
reporterscenterПрофесионално, граѓанско, истражувачко, телевизиско новинарство, друштвeни мрежи... сите овие теми можете да ги најдете на Reporters' Center, новиот канал на YouTube наменет да го пренесе знаењето од професионалните новинари кон граѓанското и новинарите-аматери. „Како што илјадници ирански жители излегоа на улиците во Техеран да протестираат против националните избори, владата ги измава сите странски новинари, оставајќи ги граѓаните самите да ги прават документарците за тамошните настани“ пишува Google на својот официјален блог земајќи ги протестите во Иран како пример дека се почесто зависиме од граѓанското новинарство за уникатни информации.

Тој потенцијал на граѓанското новинарство е согледан со објавување на Reporters' Center каде секој новинар може да научи нешто интересно за професијата. На YouTube каналот има совети од легендите како Боб Вудворд, еден од новинарите кој ја откри аферата Watergate.

Reporters' Center не мора да биде наменет само за новинарите-аматери. Може да им послужи и како совет и на професионалните и да им ги освежи принципите на кои се темели новинарството, како „провери го изворот“. Ова го велам посебно бидејќи вчера беше објавена вест за изчезнување на актерката Анџелина Џоли. „Дел од медиумите во трката за нови вести и што побрзо нивно објавување пуштија во етер вест за мистериозно исчезнување на Анџелина Џоли.“ пишува А1. Веста сега е тргната од сајтот на Сител, кои први ја објавија во трка за ексклузивност. Истата вест се најде и на Форум. Ниту еден друг медиум во светот не наседна на ова, покажуваат Google, Bing и Yahoo. Сепак целта е постигната, лажната вест е најчитана на сајтот на А1, кои иако се обидуваат сега да ја искористат ситуацијата за кредибилитет, и самите објавуваат слични „интересни“ вести.

Затоа, добро е што сега го има Reporters' Center, барем аматерите да учат од правите професионалци.

reportercenter



Клучни зборови:  новинарство   YouTube   Reporters' Center   Сител   А1   Форум   Анџелина Џоли   Bob Woodward

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl