Визуелизација на интернетот Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 30.06.2009
visualКако да ставиме контекст на информациите од интернетот? Како би можеле да го согледаме во целина со цел да го разбереме и научиме нешто повеќе и како да го искористиме интеренетот за додатни информации? Одговорот е преку визуелизација на информациите.

Џер Торп инспириран од разговор за H1N1 вирусот т.е свинскиот грип и за „епидемиолошкиот модел на пренесување на болеста“ се заинтересирал „како некои информации кои се споделуваат волунтерски по друштвените мрежи можат да бидат искористени да се изградат различни корисни модели“ и го прави „Јust Landed" проектот. Видеото можете да го видите подоле.

Користејќи го Twitter, односно твитови кои ги содржат фразите „Само што слетав во ... “ и „Само што пристигнав во ...“ тој со визуелизација го прикажува движењето на луѓето низ светот од петок 8 мај до понеделник, 11 мај. Дестинацијата се открива преку твитовите со фразите, додека почетната локација е превземена од Twitter профилите, објаснува Торп.

Just Landed - 61 Hours from blprnt on Vimeo.

Ова го најдов во текст на Mashable, каде има наведено уште неколку вакви визуелизации на Twitter, кои го објаснуваат сервисот и онлајн комуникацијата преку визуелизација на море со риби, преку основните емоции како љубов и омраза...



Клучни зборови:  визуелизација   Тwitter   Just Landed   Blprnt

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl