|
|
Објавено на: 10.03.2010
|
На Twitter се појавија лавина критики за МАРНет, македонскиот регистар за интернет поддомени како .mk, .com.mk, .org.mk домен...Критиките од корисниците се многу и разновидни. Се чини проблеми со МАРНет има многу и се чини дека сега за сега нема да се решат. Од регистарот рекоа дека МАРНет, кој сега е воден од Универзитетот „Кирил и Методиј“, наскоро ќе биде превземен од Министерството за информатичко општество (МИО). Се чека на официјалната процедура и закон најавени за „првиот квартал од оваа година“.
Клучни зборови: МАРНет регистар домен поддомени Министерсво за информатичко општество МИО универзитет критики Twitter .me .mk .com.mk .org.mk ИТ.мк
|
|
|
Објавено на: 08.03.2010
|
Или ќе се отвара нов факултет за информатика или пак Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Иститутот за информатика од Природно математичкиот факултет (ПМФ-ИИ) ќе се спојат во еден факултет - ФИНКИ, кратенка за Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг, пишува Мартин Спасовски, блогер и студент на ПМФ кој заедно со 30-тина студенти присуствувал на средба со Министерството за Образование на која се објаснила ситуацијата.
Клучни зборови: Ит.мк студенти универзитети факултети информатички науки ФЕИТ ФИНКИ ПМФ Мартин Спасовски Министерство за образование истражување анкета спојување
|
|
|
Објавено на: 06.03.2010
|
А1 ексклузивно: Груевски се договорил за промена на името. Гледајте на А1 вестите во 19 часот! Ова е твитот на @A1vesti кој беше објавен во четврток и кој направи за помалку од 30 минути, од почетокот на вестите до спортските вести, А1 од професионална телевизија да стане шарлатанска телевизија и да биде исмејувана од корисниците на Twitter, и исмејувањето да продолжи и по блогови и Facebook. Кредибилитетот на А1 како новинарска институција е дефинитивно нарушен бидејќи не само што споделуваат лажни информации, туку тие информации се скандалозни.
Клучни зборови: Twitter A1vesti Sitel_vesti лажен профил исмејување лажни информации Груевски промена на име блогови шпекулации македоснки медиуми А1 телевизија ИТ.мк
|
|
|
Објавено на: 02.03.2010
|
Mafia.mk е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете автомобили, лижавчиња од деца, продавате дрога со цел да се збере поголема почит и секако - пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект има и едукација вели Трајче Петров алијас SkechBoy, студент на електро-технички факултет и еден од креаторите на Mafia.mk.
Клучни зборови: mafia.mk ИТ.мк Трајче Петров масовна онлајн игра веб базирана игра игра мафиа организиран криминал електро-технички факултет
|
|
|
Објавено на: 01.03.2010
|
Во сегашниот буџет не се предвидени средства за студентстки ваучери, рече министерот за информатичка технологија Иво Ивановски. Но иако со изјавата потврди дека нема да има ваучери, сепак министерот за Сител рече дека постои можност со ребаланс на буџетот да останат некои 2.5 милиони евра кои ќе се наменат за апсолвенти.
Клучни зборови: ваучери Сител Министерство за информатичко општество апсолвенти ИТ.мк буџет Facebook
|
|
|
Објавено на: 26.02.2010
|
Од балканските земји Македонија има поефтин интернет само од Албанија, покажува истражувањето на Интернационалната Телекомуникациска Унија (ITU). Тоа што е позитивно е што за интернет во 2009 година плаќаме помалку одошто сме плаќање во 2008 година.
„Поефтините цени можат да го зголемат интернет пристапот и користењето, а високиот развој на ИКТ може да ги намали цените, според економската скала. Зголемената либерализација на пазарот и конкурентноста води кон поефтини цени што води кон поразвиена информатичко-комуникациска технологија.“ пишува во извештајот на ITU. Клучни зборови: ITU извештај ИКТ информатичко-комуникациска технологија Интернационална телекомуникациска унија ИТ.мк Македонија информатичко општество
|
|
|
Објавено на: 24.02.2010
|
Семос Едукација доби дозвола од Sun Microsystems и стана лиценциран тренинг и тестинг центар за Java официјални курсеви во Македонија. „Java обуките за регионот ќе значат зголемување на бројот на компетентните програмери кои ќе го користат Java програмскиот јазик, а со тоа и зголемување на дефицитарниот кадар во областа.“ вели Валентина Тасевам директор на Семос Едукација.
Клучни зборови: Java Sемос Семос Едукација курсеви тренинг Валентина Тасева програмски јазик програмирање Мите Митревски Java User Group
|
|
|
Објавено на: 22.02.2010
|
Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.
„Информациската безбедност во Македонија е на многу ниско ниво. Луѓето настојуваат да направат софтвер без безбедносни анализи и од брзањето да го објават програмот им паѓа рејтингот бидејќи софверот е полн со ранливости. Никој не обрнува внимание.“ вели Ѓоко Крстиќ, креаторот на Zero Science Lab. Клучни зборови: Zero Science Lab Ѓоко Крстиќ лабораторија ранливости безбедност блог vulnerabilities сигурност софтвер ИТ.мк
|
|
|
Објавено на: 17.02.2010
|
|
(на првичниот текст е додадено интервју со Зоран Сталевски, креторот на pesna.org, со кој разговараме откако откривме дека имало проблем со имејловите. И технологијата знае да се збуни. :) )
Pesna.org е најголемата интернет колекција на македонски народни песни. Колекцијата има околу 650 песни, а љубителите на народната музика можат да го прочитаат текстот, да ја слушнат песната, и тоа од неколку изведувачи, и имаат можност да си симнат песната, но со послаб квалитет поради авторските права, вели Зоран Сталевски алијас GoodBytes, креаторoт на Pesna.org. Клучни зборови: Pesna.org GoodBytes PantaRei Музеј на Македонија македонски народни песни колекција културно наследство дигитализација сајт мултимедија блогер ИТ.мк
|
|
|
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >> |