YouTube стартуваше автоматска транскрипција, што значи сите корисници сега имаат преводи додека гледаат видеа. Стартуваше и Mafia.mk македонска онлајн друштвена игра. Имаме и обид за имејл измама каде измамниците ги користат македонските банки да украдат лозинки. Неделава се зборуваше и за можноста Google да индексира веб страни во реално време. Има и интересен текст за како Nokia помогна Иран да апси протестанти со технологија за прислушкување, слична технологија која се користи и да се прислушкуваат сите разговори во светот. Разликата е што ЕУ забранува со неа да се прекршуваат човековите права, туку прислушкувањето треба да се користи при гонење криминалци или заштита на национална безбедност. Неделава ја завршуваме со пропуст на А1 телевизија да си ја контролира содржината и да дозволи да биде критикувана и исмејувања поради лажен Twitter профил. Клучни зборови: YouTubeGoogleMafia.mkA1Direktorium.mkИК БанкаспамTwitterИранNokiaИТ.еунеделаванеделен прегледИТ.мкФорумапликацииAndroidсоветблогЕгипет
Италија затвори тројца екс-дирекотори на Google поради онлајн видео, Facebook ја најави виртуелната економија, а и Далеј Лама отвори официјален профил. Ова се дел од случувањава неделава. Најинтересните вести сепак доаѓаат од ИТ.мк сцената каде стартуваше новиот Zero Science Lab, Семос Едукација најави официјални Javа тренинзи, беше направен WordPress плугин за Ping.mk, се објави интернационален извештај кој ја споредува ИКТ развиеноста во Македонија со останатиот свет и направивме кратка листа на онлајн .mk продавници. Линковите до вестите ќе ги најдете подолу. Клучни зборови: неделен прегледИталијабезбедностИТ.мкнеделаваизвештајИКТМакедонијаZero Science LabМедицинаPing.mkTED
Цензурата и филтрирањето содржина се уште се актуелни теми. Покрај Австралија сега и Франција започна да си игра „Голем Брат“ одобрувајќи закони кои можат сериозно да ги лимитираат интернет корисниците да имаат пристап покрај порното и до важни информации. Од друга страна YouTube видео доби новинарска награда истакнувајќи го значењето на корисничко генерирана содржина. Неделава Microsoft конечно го најави екранот за избор на прелистувачи со кој европските интернет корисници ќе си одберат кој прелистувач да им се инсталира со инсталацијата на Windows. Неделава се одржа и Светскиот конгрес за мобилна технологија. Клучни зборови: FacebookYouTubeФранцијаАвстралијаголем братНеда СолтанИранWindowsпрелистаувачиСветски конгрес за мобилна технологијанеделен прегледнеделаваИТ.МКPesna.orgмакедонски народни песни
Неделава се славеше европскиот Ден на интернет безбедност. ЕУ стартуваше „Мисли пред да постираш“ кампања, а преседателот на Собранието на РМ рече дека е мора да се грижиме за онлајн безбедноста, но при тоа да не ги заборавиме основните човекови права, односно правото на пристап до информации. За жал неделава имам две вести за цензура на интернетот. Првата вест доаѓа од Австралија каде владините сајтови беа нападнати од група хакери кои протестираат против планот да се воведат филтри за содржина. Втората вест доаѓа од Иран, каде пред прославата на годишнината од нивната револуција се забрани Gmail, а се најави дека ќе се воведе национален имејл сервис. Тоа е лоша вест за иранските интернет корисници чија сета онлајн активност ќе биде надгледувана од иранскиот телеком.
Facebook го прослави 6-тиот роденден и стигна до 400 милиони корисници. Неделава на друштвената мрежа започна интересна дебата за видеото „Скопје 2014“. Најпопуларната платформа за мобилни Symbian стана слободен софтвер. Имаме вест од Австралија каде тамошните интернет корисници се спротиставија на законот против анонимно коментирање. Неделава се најави и почеток на „Википедиа“ проектот на МИО... Клучни зборови: Неделен прегледАвстралијаSymbianСкопје 2014роденденИТ.мкФорумДруштвени мрежиСТив ЏобсHTML5
Долгоочекуваниот таблет на Apple е објавен и се вика iPad. Неделава беше објавен и првиот твит од вселената - „Здраво Твитерверзум. Сега од живо твитаме од Интернационалната
Вселенска Станица - првиот твит од вселената“ пишува астронаутот Тимоти Кремер. Европската унија најави дека Директивата за заштита на податоците од 1995 год. ќе добие нова верзија во која ќе бидат опфатени друштвените мрежи за да се зајакне приватноста на корисниците. Ова е сосема различно размислување од тоа на Марк Зукенберг, основачот на Facebook, кој рече дека, сега, јавното споделување е норма. Клучни зборови: Ит.ЕУнеделен прегледiPadAppleTwitterпремиервселенатаблетFacebookИТ.мкприватностсподелувањесоветмедиумиоригинална содржина
Неделава имавме неколку текстови за најмладите ИТ корисници, за Марко Чаласан кој стана најмладиот Microsoft aдминистратор и за децата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес кој имаа видео повик со нивните соученици од Долна Нормандија, како и за 11 годишниот Камерон кој напиша iPhone апликација и донира дел од профитот за детска болница. Кога сме кај апликациите и iPhone според истражувањето на Gartner од сите симнати мобилни апликации, 99 отсто се симнуваат од Apple App Store. Клучни зборови: Неделен прегледТетрисМарко ЧаласангенијалциапликацииIPhoneAppleВелес
Тема на неделата се сликите од Nexus One, мобилниот телефон на Google, кој е најавен за почетокот на 2010 година. YouTube за прв пат ги објави најгледаните видеа на сервисот. Сузан Бојл со 120 милиони прегледи е на прво место, а потоа следат музички спотови. И Twitter ги објави топ дискусиите. Не зачудува што иранските протести се на прво место. Европската Комисија го прифати предлогот на Microsoft корисниците да имаат избор на прелистувачи при инсталација на Windows, а од македонската ИТ сцена, пишавме за користењето на македонски преводи на софтвер. Клучни зборови: Неделен прегледNexus OneСузан БојлYouTubeТwitterMicrosoftИТ.МКИТ.ЕУСовети
Неделава, после толку очекувања и најави, Google вметна пребарување во реално време преку кое сега ќе ги добиваме постовите од друштвените мрежи. Facebook воведе нова полиса за приватност. Иако се подобрува приватноста, сега може да се намести приватноста за секоја содржина, за многумина критичари ова е обид да се натераат луѓето да споелуваат информации јавно, токму поради Google-овото пребарување во реално време. Бидејќи не се јавни постовите на Facebook, тие нема да се појават на Google. Доколу се јавни, Facebook ќе има што да добие. Клучни зборови: GoogleMozillaнеделен прегледMediate dailyping.mkFacebookприватностИТ.МКИТ.ЕУбезбедностсподелувањеT-MobileFacebook connectLive Stories