Хуго Чавез сака регулирање на интернетот
Објавено на: 15.03.2010
Хуго Чавез сака регулирање на интернетот Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, побара регулирање на интернетот, за властите да имаат можност да ги изгасат сајтовите за вести и политички дебати кои според него шират лажни информации, пренесува Reuters.

„Интернетот не смее да биде нешто бесплатно каде секој и сешто може да се направи и каже. Не, секоја земја мора да воведе правила и регулации.“ вели г-дин. Чавез, изреволтиран од еден венецуелски веб сајт Noticierodigital кој објави лажна вест дека помошник на г-дин. Чавез е убиен.
Клучни зборови:  Hugo Chavez   Venezuela   регулирање   интернет   Хуго Чавез   Венецуела   медиуми   власти   свет

 
Google ќе ги плати последиците, вели Кина
Објавено на: 12.03.2010
Google ќе ги плати последиците, вели Кина Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.

Google се побуни против Кина откако неговите сервиси, заедно со уште десетина компании, беа хакнати од „софистициран напад“ кој беше лоциран дека потекнува од Кина. Google остро реагираше и реши да престане да цензурира содржина што е против кинеските закони со кои интернет гигантот во 2006 година се обрза да ги почитува за да започне бизнис на истокот.


Клучни зборови:  Кина   google   цензура   пребарувач   Baidu   закони   свет   google.cn

 
Веб 2.0 против Цензура 2.0
Објавено на: 12.03.2010
Веб 2.0 против Цензура 2.0 Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации.

Клучни зборови:  Репортери без граница   цензура   веб 2.0   блокирање   филтир за содржина   Кина   Русија   Австралија   свет   блогери   блокирање сајтови

 
Време е да ги замениме професорите со роботи
Објавено на: 04.03.2010
Време е да ги замениме професорите со роботи Корејскиот институт за наука и технологија (KIST) и Нипон институтот за технологија (NIT) успешно изработиja и тестираa робот-професор. Хуманоидот е-Nuvo ќе започне да предава во 500 пред-школи и градинки во 2011 година, а во 2012 година ќе биде спремен да започне со официјални предавања во основните и средните училишта, пренесува корејскиот ETNews.

Има две верзии од роботот. Корејски кој е наменет за помладите, пример да им пее песнички, и јапонски кој е наменет за повозрасна публика и има вградено проектор на кој ќе проектира лекции од наука, технологија, инжинерство и математика.


Клучни зборови:  Кореја   Јапонија   робот   професор   предавања   e-Nuvo   хуманоид   училишта   градинки   учител   свет

 
Египетски блогер пред воен трибунал
Објавено на: 03.03.2010
Египетски блогер пред воен трибунал Дваесет годишниот Ахмед Мoстафа, студент по инжинерство, на 7 март ќе се најде пред воен трибунал бидејќи на својот блог ја критикувал војната академија за непотизам.

Доказите против блогерот се само еден блог пост напишан пред година дена во кој Мостафа напишал дека син на професор бил тргнат од акадамијата за да на негово место дојде друг син на некој побогат кој го платил местото. Најчудно е што воопшто не е спроведена истрага во тоа што блогерот го напишал.


Клучни зборови:  Египет   Ахмед Мостафа   блог   цензура   воен трибунал   судење   непотизам   војна академија   Репортери без граници   човекови права   слобода на говор   свет

 
Италија против Google
Објавено на: 24.02.2010
Италија против Google Ќе се жалиме на одлуката, вели Google откако италијанскиот суд пресуди 6 месечна затворска казна за двајца (поренешни) извршни директори и советникот за приватност на Google Италија поради видео на Google Video во кое се гледа малтретирање на момче до Даунов синдром.

Конкретното видео е постирано во 2006 година, а Google вели дека по поплаки од корисниците го тргнале видеото за само неколку часа, додека италијанските обвинители велат дека видеото стоело 2 месеци на Google Video (ова е кратко пред Google да го купи YouTube). Tоа што е интересно e што судот од Милано вели дека Google е крив што видеото воопшто се нашло онлајн, барајќи секое видео да биде прегледано пред да биде закачено на видео сервисот. Тоа би значело дека Google ќе мора да ги прегледува целиот материјал што се закачува на YouTube, а се закачува по 20 часа видео содржина секоја минута!


Клучни зборови:  Италија   Google   суд   затвор   Google Video   YouTube   Даунов синдром   пресуда   хостинг   видео

 
Далеј Лама отвори Twitter профил
Објавено на: 23.02.2010
Далеј Лама отвори Twitter профил Тибетантскиот лидер е уште едно добро познато политичко име кое се приклучи на сервисот за микро-блогирање кој иако ограничува само 140 знака сепак се покажа како одличен сервис за комуникација и интеракција меѓу политиката и обичните граѓани. @DalaiLama за само 1 ден има над 50.000 следбеници на сервисот.
Клучни зборови:  Dalei lama   Twitter   политичар   Кина   Тибет   Далеј Лама   политички лидер   сервис за микро-блогирање

 
Училиште шпионирало студенти преку веб камера
Објавено на: 19.02.2010
Училиште шпионирало студенти преку веб камера Училиште од Филаделфија ги шпионирало студентите во домашна атмосфера преку вебкамери на лаптопи кои им биле дадени за да им се помогне при учењето. Шпионирањето е откриeно откако едно дете било казнето „поради недолично однесување дома“, а заменик-директорот покажал фотографија сликана од веб камера како доказ, пишува BoingBoing.

Клучни зборови:  училиште   шпионирање   студенти   вебкамери   дома   Филаделфија   свет   тужба

 
Vive la Големиот Брат!
Објавено на: 18.02.2010
Vive la Големиот Брат! Национално Заседание на Франција одобри закон за безбедност познат како Loppsi2. Доколку помине и во Сенатот ќе се креира огромна датабаза за интернет корисниците, крстена „Pericles", и ќе ги обврзе интернет провајдерите да блокираат сајтови кои ќе се најдат на црната листа креирана секако од самите власти. Како и Австралија, французите велат дека цензурата е наменета за заштита на корисниците и блокирање на детската порнографија и пиратерија.
Клучни зборови:  Франзија   Австралија   Николас Саркози   Loppsi 2   Spiegel   La Quadrature du Net   големиот брат   интернет цензура   безбедност

 
Виртуелна авантура со Tранс-сибирската железница
Објавено на: 17.02.2010
Виртуелна авантура со Tранс-сибирската железница Доколку сакате, а не можете да се возите со воз низ Транс-сибирската железница која поминува низ 2 континенти, 12 руски региони и 87 градови, тогаш не очајувајте. Google заедно со Руската железница стартува веб сајт со виртуелна тура од Москва до Владивосток без да се мрзнете на ниските руски температури. Иако правото патување е многу подобро, сепак виртуелна тура е одлична алтернатива.

Клучни зборови:  Trans-siberian   Транс-сибирска железница   виртуелна тура   Сибир   Русија   железница   воз   видео   литература   YouTube   Google

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>