it.com.mk - мобилна верзија
ИТ анкета: Мобилен интернет
ИТ.мк
Објавено на: 11.02.2010
ИТ анкета: Мобилен интернет Искрено, не очекував дека многу наши посетители користат интернет на мобилен, но нашата анкета покажа дека и покрај релативно скапите тарифи за мобилен интернет сепак се користи.

Од 441 испитани, 28% или 125 корисници рекоа дека користат постојано интернет на мобилен, 25.4% изјавија дека користат но во вонредни ситуации, а интересно 23.8% рекоа дека би користеле мобилен интернет доколку пакетите се поефтини. Само 22.2 отсто или 98 корисници изјавија дека немаат потреба од интернет на мобилен. На кратко, малкумина користат мобилен интернет, но кога би биле поприфатливи условите многумина би сурфале преку мобилен.


Клучни зборови:  Анкета   мобилен интернет   испитаници   facebook   мобилна верзија   скапи тарифи   тренд

 
Иран го забрани Gmail
Свет
Објавено на: 11.02.2010
Иран го забрани Gmail На годишнината на Иранската револуција од 11 фебруари 1979 година, иранските интернет корисници забележаа масовно блокирање на Gmail, како и прекини на интернет и СМС конекциите. Иранската влада се плаши од дополнителни протести за време на овој празник и ги блокира веб сервисите бидејќи за време на ланските претседателски избори се покажаа како корисна алатка за организирање на протестите и за информирање на светот за настаните во земјата.

Клучни зборови:  Iran   Иран   Gmail   Google   имејл сервис   телекомуникации   цензура   филтер за содржина   Иранска револуција   протести   свет

 
Хакерски бунт против австралиската интернет цензура
Интернет
Објавено на: 10.02.2010
Хакерски бунт против австралиската интернет цензура Група хакери срушија неколку австралиски владини сајтови демонстрирајќи незадоволство заради планот да се постават филтри за онлајн содржина. Австралиската влада планира до 2011 година да постават филтри за содржина кои ќе блокираат несакана содржина како детска порнографија, женски оргазам, насилство, пиратерија... Но иако звучи корисно, многу интеренет корисници се незадоволни и се плашат дека филтрите и црната листа ќе служи како политичка цензура и ќе ја наруши слободата на говор.

Клучни зборови:  Anonymous   DDoS   Австралија   протести   хакери   сајбер напад   парламент   цензура   порнографија   свет   фитлри за содржина

 
Farmville: 220 милиони Валентин поклони за 18 часа
Интернет
Објавено на: 10.02.2010
Farmville: 220 милиони Валентин поклони за 18 часа FarmVille е одговорот зошто на луѓето им е интересен Facebook. На денот кога Google го презентираше својата друштвено мрeжа Buzz која треба да му конкурира на Facebook, еден интересен податок покажува дека апликациите, кои Google ги нема, се движечката сила на активностите на Facebook.

Клучни зборови:  Farmville   виртуелни добра   валентин   Google Buzz   друштвени мрежи   facebook   апликации

 
YouTube воведува безбедносна опција
Хак-атак/Приватност
Објавено на: 10.02.2010
YouTube воведува безбедносна опција Google воведе опција за побезбедна содржина на YouTube. Тоа значи дека можете да го искористите „Безбедносниот мод“ на YouTube и да не добивате содржина која може да ве навреди, која е вулгарна или политички некоректна.

Земајќи в предвид дека YouTube e вториот најпопуларен пребарувач, оваа корисничка само-цензура може да биде корисна за родителите кои сакаат да си ги заштитат децата од несакана содржина која ја има на тони на видео сервисот.


Клучни зборови:  YouTube   безбедност   безбедносен мод   Google   пребарува   видео сервис   коментари   влугарност   несакана содржина   Safety Mode

 
Google Buzzzz... ?
Интернет
Објавено на: 10.02.2010
Google Buzzzz... ? Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интергираран како додаток на Gmail сервисот... Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат... Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови.


Клучни зборови:  Google   Buzz   друштвена мрежа   Gmail   Facebook   постови   Twitter   имејл   друштвена платформа

 
Пишувајте поезија со Rimuvaj.mk
Општо
Објавено на: 09.02.2010
Пишувајте поезија со Rimuvaj.mk Rimuvaj.mk е интересен made-in-mk веб сервис. Се работи за едноставен сервис кој нуди рима на зборовите. Сервисот и покрај тоа што е во бета, почетна фаза сепак нуди огромна листа на зборови. На секој збор што го внесов ми даде листа на зборови што се римуваат со него, што значи дека е и голем лексикон.

Клучни зборови:  rimuvaj.mk   зборови   совет   рима   поезија   рап   веб сервис   made in mk

 
ИТ.еу: Мисли пред да постираш
ИТ.еу
Објавено на: 09.02.2010
ИТ.еу: Мисли пред да постираш Според истражувањето на EУ, 75% од тинејџерите се на интернет, а околу 50% од нив постираат свои лични инфомарации на интернет кои „остануваат засекогаш и можат да бидат видени од секој“. За да се заштитат корисниците Европската Унија на Денот за побезбеден интернет, 9 фебруари, стартуваше кампања „Think B4 U post“.

Клучни зборови:  Think B4 U post   ИТ.еу   Вивиен Рединг   Европска Унија   ИКТ   друштвени мрежи   безбедност   9 фебруари   безбедно на интернет   europa.eu   saferinternet.org

 
ИТ.мк: Собранието за побезбеден интернет
ИТ.мк
Објавено на: 09.02.2010
ИТ.мк: Собранието за побезбеден интернет По повод европскиот ден на безбеден интернет Собранието на РМ одржа јавна расправа на оваа тема. Во своето воведно обраќање, претседателот на Собранието, Трајко Вељановски зборуваше за секојдневното користење на интернетот, за потребата од безбеден интернет, но при тоа да се „внимава да не се повредат општите начела од корпусот на човекови права.“

Клучни зборови:  Sobranie.mk   јавна дебата   Трајко Вељановски   обраќање   текст   безбедност   приватност   побезбеден интернет   злоупотреба   лични податоци

 
Немате дозвола да го погледнете овој ресурс.
Треба да се најавите.
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>