it.com.mk - мобилна верзија
Интернет воајерство со ChatRoulette
Интернет
Објавено на: 09.03.2010
Интернет воајерство со ChatRoulette Дали би сакале да играте рулет со интернетот? Ако да, тогаш вклучете ја вашата веб камера и кликнете старт на ChatRoulette.

ChatRoulette е креација на 17 годишен руски студент Андреј Терновски и е чет сервисот со кој запознавата рандом странци и разговарате со нив. Можеби ви звучи хазардерски да комуницирате со тотални странци на интернет. Уште од мали нозе не учеа не зборувајте со странци бидејќи кој знае какви будали има. Но... дали на шега, дали поради чудни потреби како манијачење, дали поради љубопитност ChatRoulette моментално е посетуван од 1.5 милиони корисници дневно!


Клучни зборови:  ChatRoulette   рулет   странци   приватност. чет. комуникација   Андреј Терновски   Кејси Неистат   филм   статистика   веб

 
TED: Сакаме отворени сурови информации!
Интернет
Објавено на: 09.03.2010
TED: Сакаме отворени сурови информации! Aко ги ставиме информациите на мрежата, научни, владини, истражувачки податоци, други луѓе ќе ги искористат да направат нешто убаво, нешто што не можеле ни да го замислат - вака сир Тиме Бернерс-Ли, таткото на www мрежата, се обрати на престижната TED конференција, наведувајќи одлични примери за како се користат тие „отворени сурови информации“ меѓу кои и пример со земјотресот во Хаити каде користејќи ги тие информации од разновидни извори и мобилните телефони се креира корисна мапа на Порто-Пренс означувајќи каде се блокирани патишта, болници, кампови за жртвите...

Клучни зборови:  TED   open data   Tim Berners-Lee   Хаити   Порто-Пренс   Тим Бернерс-Ли   отворени податоци   споделување информации   ТЕД

 
Јас, медиум
Веб
Објавено на: 08.03.2010
Јас, медиум Има откачена реклама за Nokia N900 во која еден лик се метамофорзира во телефон вриштејќи „јас сум медиум“. Уредот за кој е рекламата направена е најновиот паметен телефон, со 3G интернет, со 5 мегапиксели камера, со апликации за друштвени мрежи... се што е потребно да се сподели информација или слика брзо и лесно.

Но иако е нова технологија, тој телефон постои бидејќи ние, корисниците имаме потреба од него. Ние сме друштвено инволвирани и споделуваме најразновидни информации со своите пријатели. Поголемиот дел од тие информации се приватни, споделени за да ги видат неколкуте пријатели, повеќето се занимливости и забава. Но... таа забавна технологија поседува доволно моќ за да може секој од нас директно да влијае врз текот и развојот на едно општество.


Клучни зборови:  Јас   медиум   граѓанско новинарство   Nokia N900   Сител   хулигани   тепачка   медиуми   камера   мегапиксели   Василка Димитровска   Археоблог   Јане Ѓорѓиевски   Рибаро   Makedonija 2010   Македонија 2010   Скопје 2014   Македонија 2014   Facebook   Археолошки локалитет   мобилни оператори   реакција   критики   вести   блогери   колективна свест   статија   веб   YouTube

 
ИТ.мк: Спојување на два ИТ факултета?
ИТ.мк
Објавено на: 08.03.2010
ИТ.мк: Спојување на два ИТ факултета? Или ќе се отвара нов факултет за информатика или пак Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Иститутот за информатика од Природно математичкиот факултет (ПМФ-ИИ) ќе се спојат во еден факултет - ФИНКИ, кратенка за Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг, пишува Мартин Спасовски, блогер и студент на ПМФ кој заедно со 30-тина студенти присуствувал на средба со Министерството за Образование на која се објаснила ситуацијата.

Клучни зборови:  Ит.мк   студенти   универзитети   факултети   информатички науки   ФЕИТ   ФИНКИ   ПМФ   Мартин Спасовски   Министерство за образование   истражување   анкета   спојување

 
79% веруваат дека интернет е основно човеково право
Интернет
Објавено на: 08.03.2010
79% веруваат дека интернет е основно човеково право Четири од пет луѓето ширум светот веруваат дека пристап до интернет е основно човеково право, покажа анкетата на Светкиост сервис на BBC кои прашаа околу 27.000 луѓе од 26 земји. 79 отсто, или 21.330 луѓе, велат дека интернетот им дал поголема слобода, поголемиот дел имаат позитивно мислење за интернет кој им го променил животот, додека девет од десет испитаници рекле дека е одлично место за учење.

Клучни зборови:  интернет   човеково право   анкета   BBC   World Service   истражување   слобода на говор   споделување   информации

 
Неделен преглед 06.03.10: Преводи, ИК Банка, спам, Mafia.мк...
Неделен преглед
Објавено на: 06.03.2010
Неделен преглед 06.03.10: Преводи, ИК Банка, спам, Mafia.мк... YouTube стартуваше автоматска транскрипција, што значи сите корисници сега имаат преводи додека гледаат видеа. Стартуваше и Mafia.mk македонска онлајн друштвена игра. Имаме и обид за имејл измама каде измамниците ги користат македонските банки да украдат лозинки. Неделава се зборуваше и за можноста Google да индексира веб страни во реално време. Има и интересен текст за како Nokia помогна Иран да апси протестанти со технологија за прислушкување, слична технологија која се користи и да се прислушкуваат сите разговори во светот. Разликата е што ЕУ забранува со неа да се прекршуваат човековите права, туку прислушкувањето треба да се користи при гонење криминалци или заштита на национална безбедност. Неделава ја завршуваме со пропуст на А1 телевизија да си ја контролира содржината и да дозволи да биде критикувана и исмејувања поради лажен Twitter профил.

Клучни зборови:  YouTube   Google   Mafia.mk   A1   Direktorium.mk   ИК Банка   спам   Twitter   Иран   Nokia   ИТ.еу   неделава   неделен преглед   ИТ.мк   Форум   апликации   Android   совет   блог   Египет

 
Како А1 е исмејувана поради лажен Twitter профил
ИТ.мк
Објавено на: 06.03.2010
Како А1 е исмејувана поради лажен Twitter профил А1 ексклузивно: Груевски се договорил за промена на името. Гледајте на А1 вестите во 19 часот! Ова е твитот на @A1vesti кој беше објавен во четврток и кој направи за помалку од 30 минути, од почетокот на вестите до спортските вести, А1 од професионална телевизија да стане шарлатанска телевизија и да биде исмејувана од корисниците на Twitter, и исмејувањето да продолжи и по блогови и Facebook. Кредибилитетот на А1 како новинарска институција е дефинитивно нарушен бидејќи не само што споделуваат лажни информации, туку тие информации се скандалозни.

Клучни зборови:  Twitter   A1vesti   Sitel_vesti   лажен профил   исмејување   лажни информации   Груевски   промена на име   блогови   шпекулации   македоснки медиуми   А1   телевизија   ИТ.мк

 
Твитајте на долго
Општо
Објавено на: 05.03.2010
Твитајте на долго Колку и да е интересен Twitter барајќи креативност да пишувате во 140 знаци сепак понекогаш е потребно да напишете нешто подолго. TwitLonger е сервис кој ќе ви овозможи да напишете повеќе и да го објавите тоа на Twitter. Но не ја објавувате целата порака туку само праќате линк до текстот.

Клучни зборови:  TwitLong   Twitter   подолги твитови   140 знаци   совет

 
Преводи на YouTube за сите
Интернет
Објавено на: 05.03.2010
Преводи на YouTube за сите Автоматската транскрипција на YouTube видеата конечно е достапна за пошироката јавност, откако беше тестирана во затворена бета. Првичната цел на проектот е да се инволвираат глувите лучности на сервисот и тие да можат да гледаат видеа, но со транскрипцијата добиваат и сите кои не знаат добро странски јазици бидејќи сега секој може да гледа видеа со македонски или албански титлови.

Клучни зборови:  титлови   преводи   транскрипција   видеа   македонски јазик   албански јазик   видео сервис   YouTube   автоматска транскрипција   google translate   Google Voice Search

 
Немате дозвола да го погледнете овој ресурс.
Треба да се најавите.
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>