|
|
Софтвер
|
|
Објавено на: 03.03.2010
|
И покрај големиот број бесплатни апликации за Аndroid девелоперот Едвард Ким успеа да го освои тој пазар и да заработува 13.000 долари месечно со својата апликација „Car Locator". Користејќи GPS, слики, радари и тајмери, апликацијата ве потсетува каде сте паркирале, колку сте далеку од колата и уште колку време ви останало од купеното паркинг место.
Клучни зборови: апликација Car Locator Android Apple App Store Мобилен GPS паркирање Едвард Ким девелопер софтвер
|
|
|
Свет
|
|
Објавено на: 03.03.2010
|
Дваесет годишниот Ахмед Мoстафа, студент по инжинерство, на 7 март ќе се најде пред воен трибунал бидејќи на својот блог ја критикувал војната академија за непотизам.
Доказите против блогерот се само еден блог пост напишан пред година дена во кој Мостафа напишал дека син на професор бил тргнат од акадамијата за да на негово место дојде друг син на некој побогат кој го платил местото. Најчудно е што воопшто не е спроведена истрага во тоа што блогерот го напишал.
Клучни зборови: Египет Ахмед Мостафа блог цензура воен трибунал судење непотизам војна академија Репортери без граници човекови права слобода на говор свет
|
|
|
Хак-атак/Приватност
|
|
Објавено на: 02.03.2010
|
Наидовме на имејл измама која ја користи ИК Банка. Мејлот вели дека некој ви влегол во сметката од банката и со лажен линк ве води на сајт преку кој ви ја краде лозинката до правата сметка. Имејлот е доста уверлив. Го има логото на банката, ве предупредува да не споделувате лозинки, ве советува што да правите, дури и вели дека ќе ви ja запамети вашата ИП адреса. Доколку испаничите и ги испуштите неколкуте работи што се истакнуваат може наивно да ја дадете вашата сметка.
Клучни зборови: измама ИК Банка скам имејл измама Павле од Нигерија Линкови приватност безбедно лозинка сметка
|
|
|
Софтвер
|
|
Објавено на: 02.03.2010
|
Microsoft тестира преведување во реално време за мобилен телефон. Целиот телефонски разговор се преведува на различен јазик додека зборувате. Сличен проект беше најавен и од Google но за разлика од нив, кои само го најавија преведувањето, Microsoft објави видео од прототипот „Преведувачки телефон“ објаснуваjќи како работи преведувањето.
Клучни зборови: Microsoft translation Project Gustav превод преведување во реално време разговор јазици
|
|
|
Општо
|
|
Објавено на: 02.03.2010
|
Directorium.mk е веб сервис кој користејќи ги Google Maps ги лоцира разновидните бизниси ширум Македонија. Корисно во овој сервис е што користејќи ги мапите им помага на корисниците и ги насочува кон бизнисите. Наместо да талкаат низ градовите барајќи одредена адреса, потрошувачот користејќи го овој сервис ги пребарува бизнисите ширум земјата и го наоѓа во точната локација.
Клучни зборови: Directorium.mk Google Maps мапа локација совет бизнис потрошувачи
|
|
|
ИТ.мк
|
|
Објавено на: 02.03.2010
|
Mafia.mk е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете автомобили, лижавчиња од деца, продавате дрога со цел да се збере поголема почит и секако - пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект има и едукација вели Трајче Петров алијас SkechBoy, студент на електро-технички факултет и еден од креаторите на Mafia.mk.
Клучни зборови: mafia.mk ИТ.мк Трајче Петров масовна онлајн игра веб базирана игра игра мафиа организиран криминал електро-технички факултет
|
|
|
ИТ.еу
|
|
Објавено на: 01.03.2010
|
Европската Унија бара подобрување на приватноста за Google Street View, поточно промени на начинот на кој се складираат сликите од овој проект на Google со кој сака да ги отслика сите улици во светот. Oвој проект често е
критикуван поради приватноста, неколку ЕУ земји забранија Google да ги слика улиците, додека пак селаните од едно британско селце поставија и блокади на патот да го спречат Street View амвтомобилот.
Клучни зборови: EU ЕУ Google Street View приватност улици мобилни шок сметски телефон роаминг дата роаминг Европска Унија Европска Комисија
|
|
|
ИТ.мк
|
|
Објавено на: 01.03.2010
|
Во сегашниот буџет не се предвидени средства за студентстки ваучери, рече министерот за информатичка технологија Иво Ивановски. Но иако со изјавата потврди дека нема да има ваучери, сепак министерот за Сител рече дека постои можност со ребаланс на буџетот да останат некои 2.5 милиони евра кои ќе се наменат за апсолвенти.
Клучни зборови: ваучери Сител Министерство за информатичко општество апсолвенти ИТ.мк буџет Facebook
|
| Немате дозвола да го погледнете овој ресурс. Треба да се најавите. |
|
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >> |