it.com.mk - мобилна верзија
Лоцирајте го бизнисот со Directorium.mk
Општо
Објавено на: 02.03.2010
Лоцирајте го бизнисот со Directorium.mk Directorium.mk е веб сервис кој користејќи ги Google Maps ги лоцира разновидните бизниси ширум Македонија. Корисно во овој сервис е што користејќи ги мапите им помага на корисниците и ги насочува кон бизнисите. Наместо да талкаат низ градовите барајќи одредена адреса, потрошувачот користејќи го овој сервис ги пребарува бизнисите ширум земјата и го наоѓа во точната локација.

Клучни зборови:  Directorium.mk   Google Maps   мапа   локација   совет   бизнис   потрошувачи

 
Стартуваше Mafia.mk
ИТ.мк
Објавено на: 02.03.2010
Стартуваше Mafia.mk Mafia.mk е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете автомобили, лижавчиња од деца, продавате дрога со цел да се збере поголема почит и секако - пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект има и едукација вели Трајче Петров алијас SkechBoy, студент на електро-технички факултет и еден од креаторите на Mafia.mk.

Клучни зборови:  mafia.mk   ИТ.мк   Трајче Петров   масовна онлајн игра   веб базирана игра   игра   мафиа   организиран криминал   електро-технички факултет

 
ИТ.еу: Google Street View и поефтини роаминг сметки
ИТ.еу
Објавено на: 01.03.2010
ИТ.еу: Google Street View и поефтини роаминг сметки Европската Унија бара подобрување на приватноста за Google Street View, поточно промени на начинот на кој се складираат сликите од овој проект на Google со кој сака да ги отслика сите улици во светот. Oвој проект често е критикуван поради приватноста, неколку ЕУ земји забранија Google да ги слика улиците, додека пак селаните од едно британско селце поставија и блокади на патот да го спречат Street View амвтомобилот.

Клучни зборови:  EU   ЕУ   Google   Street View   приватност   улици   мобилни   шок сметски   телефон   роаминг   дата роаминг   Европска Унија   Европска Комисија

 
ИТ.мк: Дефинитивно нема ваучери за апсолвентите
ИТ.мк
Објавено на: 01.03.2010
ИТ.мк: Дефинитивно нема ваучери за апсолвентите Во сегашниот буџет не се предвидени средства за студентстки ваучери, рече министерот за информатичка технологија Иво Ивановски. Но иако со изјавата потврди дека нема да има ваучери, сепак министерот за Сител рече дека постои можност со ребаланс на буџетот да останат некои 2.5 милиони евра кои ќе се наменат за апсолвенти.

Клучни зборови:  ваучери   Сител   Министерство за информатичко општество   апсолвенти   ИТ.мк   буџет   Facebook

 
Неделен преглед 27.02.10: Mедицина, безбедност, прoдавници..
Неделен преглед
Објавено на: 27.02.2010
Неделен преглед 27.02.10: Mедицина, безбедност, прoдавници... Италија затвори тројца екс-дирекотори на Google поради онлајн видео, Facebook ја најави виртуелната економија, а и Далеј Лама отвори официјален профил. Ова се дел од случувањава неделава. Најинтересните вести сепак доаѓаат од ИТ.мк сцената каде стартуваше новиот Zero Science Lab, Семос Едукација најави официјални Javа тренинзи, беше направен WordPress плугин за Ping.mk, се објави интернационален извештај кој ја споредува ИКТ развиеноста во Македонија со останатиот свет и направивме кратка листа на онлајн .mk продавници. Линковите до вестите ќе ги најдете подолу.

Клучни зборови:  неделен преглед   Италија   безбедност   ИТ.мк   неделава   извештај   ИКТ   Македонија   Zero Science Lab   Медицина   Ping.mk   TED

 
Онлајн .mk продавници
Е-бизнис
Објавено на: 26.02.2010
(текстот е надополнет со уште 3 продавници)

Онлајн .mk продавници Една наша анкета покажа дека онлајн шопингот се уште се гледа со недовебра. Сличен резултат покажува и истражувањето на Заводот за статистика кое вели дека само 8% од корисниците купуваат производи онлајн.

Но... од другата страна гледаме се повеќе онлајн .mk продавници, сајтови за надавање и размена на продукти како и разни веб сервиси за објавување огласи.

Затоа да го промовираме овој аспект на користењето на интернет т.е да го потикнеме развојот на онлајн економијата направивме кратка листа на веб продавници, сајтови за огласи и други слични сајтови... Бидејќи не ги знам сите сајтови, сигурно изоставив некој, слободно напишете во коментарите подолу. (btw лично немам купувано од овие продавници така да не знам каква е услугата, но доколку сте купиле нешто споделете го искуството во коментарите подолу)


Клучни зборови:  e-shopping   online shop   веб продавница   онлајн продавница   е-бизнис   статија   купување   продавање   огласи

 
Македонија со најскап интернет на Балканот
ИТ.мк
Објавено на: 26.02.2010
Македонија со најскап интернет на Балканот Од балканските земји Македонија има поефтин интернет само од Албанија, покажува истражувањето на Интернационалната Телекомуникациска Унија (ITU). Тоа што е позитивно е што за интернет во 2009 година плаќаме помалку одошто сме плаќање во 2008 година.

„Поефтините цени можат да го зголемат интернет пристапот и користењето, а високиот развој на ИКТ може да ги намали цените, според економската скала. Зголемената либерализација на пазарот и конкурентноста води кон поефтини цени што води кон поразвиена информатичко-комуникациска технологија.“ пишува во извештајот на ITU.


Клучни зборови:  ITU   извештај   ИКТ   информатичко-комуникациска технологија   Интернационална телекомуникациска унија   ИТ.мк   Македонија   информатичко општество

 
Facebook ја најави виртуелната економија
Интернет
Објавено на: 26.02.2010
Facebook ја најави виртуелната економија Facebook најави дека работи на бета проект да го прошири својот систем за добивање кредити, вирутелни пари, низ повеќе апликации на сајтот.

„Планот на Facebook кредитите е да обезбеди платежно средство за брзо и едноставно купување на виртуелни добра од разните апликации.“ вели Дебора Лиу на Facebook блогот.


Клучни зборови:  Facebook   credits   кредити   виртуелни добра   виртуелни пари   економија   PayPal   трансакција   кредитни картичка   поклони

 
WordPress додаток за споделување со Ping.mk
Општо
Објавено на: 26.02.2010
(ова е текст на Елена Игнатова превземен од сајтот на фондацијата Метаморфозис. Го објавуваме текстот со цел да промовираме .мк веб сервиси.)

WordPress додаток за споделување со Ping.mk Борис Кузманов и фондацијата Метаморфозис го претставувија Wordpress плагинот (plugin) со кој ќе имате можност да додадете копче за пријавување на напис на македонскиот агрегатор за вести Ping.mk. Плагинот е развиен од страна на Борис Кузманов, кој најави дека следната верзија ќе ја има можноста и за интегрирање на копче кое овозможува гласање на написот.


Клучни зборови:  WordPress   Ping.mk   Елена Игнатова   Борис Кузманов   Метаморфозис   плагин   додаток   plugin   интегрирање   споделување

 
Немате дозвола да го погледнете овој ресурс.
Треба да се најавите.
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>