Наидовме на имејл измама која ја користи ИК Банка. Мејлот вели дека некој ви влегол во сметката од банката и со лажен линк ве води на сајт преку кој ви ја краде лозинката до правата сметка. Имејлот е доста уверлив. Го има логото на банката, ве предупредува да не споделувате лозинки, ве советува што да правите, дури и вели дека ќе ви ja запамети вашата ИП адреса. Доколку испаничите и ги испуштите неколкуте работи што се истакнуваат може наивно да ја дадете вашата сметка. Клучни зборови: измамаИК Банкаскамимејл измамаПавле од НигеријаЛинковиприватностбезбеднолозинкасметка
Microsoft тестира преведување во реално време за мобилен телефон. Целиот телефонски разговор се преведува на различен јазик додека зборувате. Сличен проект беше најавен и од Google но за разлика од нив, кои само го најавија преведувањето, Microsoft објави видео од прототипот „Преведувачки телефон“ објаснуваjќи како работи преведувањето. Клучни зборови: MicrosofttranslationProject Gustavпреводпреведување во реално времеразговорјазици
Directorium.mk е веб сервис кој користејќи ги Google Maps ги лоцира разновидните бизниси ширум Македонија. Корисно во овој сервис е што користејќи ги мапите им помага на корисниците и ги насочува кон бизнисите. Наместо да талкаат низ градовите барајќи одредена адреса, потрошувачот користејќи го овој сервис ги пребарува бизнисите ширум земјата и го наоѓа во точната локација. Клучни зборови: Directorium.mkGoogle Mapsмапалокацијасоветбизниспотрошувачи
Mafia.mk е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете автомобили, лижавчиња од деца, продавате дрога со цел да се збере поголема почит и секако - пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект има и едукација вели Трајче Петров алијас SkechBoy, студент на електро-технички факултет и еден од креаторите на Mafia.mk. Клучни зборови: mafia.mkИТ.мкТрајче Петровмасовна онлајн игравеб базирана играиграмафиаорганизиран криминалелектро-технички факултет
Европската Унија бара подобрување на приватноста за Google Street View, поточно промени на начинот на кој се складираат сликите од овој проект на Google со кој сака да ги отслика сите улици во светот. Oвој проект често е
критикуван поради приватноста, неколку ЕУ земји забранија Google да ги слика улиците, додека пак селаните од едно британско селце поставија и блокади на патот да го спречат Street View амвтомобилот. Клучни зборови: EUЕУGoogleStreet Viewприватностулицимобилнишок сметскителефонроамингдата роамингЕвропска УнијаЕвропска Комисија
Во сегашниот буџет не се предвидени средства за студентстки ваучери, рече министерот за информатичка технологија Иво Ивановски. Но иако со изјавата потврди дека нема да има ваучери, сепак министерот за Сител рече дека постои можност со ребаланс на буџетот да останат некои 2.5 милиони евра кои ќе се наменат за апсолвенти. Клучни зборови: ваучериСителМинистерство за информатичко општествоапсолвентиИТ.мкбуџетFacebook
Италија затвори тројца екс-дирекотори на Google поради онлајн видео, Facebook ја најави виртуелната економија, а и Далеј Лама отвори официјален профил. Ова се дел од случувањава неделава. Најинтересните вести сепак доаѓаат од ИТ.мк сцената каде стартуваше новиот Zero Science Lab, Семос Едукација најави официјални Javа тренинзи, беше направен WordPress плугин за Ping.mk, се објави интернационален извештај кој ја споредува ИКТ развиеноста во Македонија со останатиот свет и направивме кратка листа на онлајн .mk продавници. Линковите до вестите ќе ги најдете подолу. Клучни зборови: неделен прегледИталијабезбедностИТ.мкнеделаваизвештајИКТМакедонијаZero Science LabМедицинаPing.mkTED
Една наша анкета покажа дека онлајн шопингот се уште се гледа со недовебра. Сличен резултат покажува и истражувањето на Заводот за статистика кое вели дека само 8% од корисниците купуваат производи онлајн.
Но... од другата страна гледаме се повеќе онлајн .mk продавници, сајтови за надавање и размена на продукти како и разни веб сервиси за објавување огласи.
Затоа да го промовираме овој аспект на користењето на интернет т.е да го потикнеме развојот на онлајн економијата направивме кратка листа на веб продавници, сајтови за огласи и други слични сајтови... Бидејќи не ги знам сите сајтови, сигурно изоставив некој, слободно напишете во коментарите подолу. (btw лично немам купувано од овие продавници така да не знам каква е услугата, но доколку сте купиле нешто споделете го искуството во коментарите подолу)
Од балканските земји Македонија има поефтин интернет само од Албанија, покажува истражувањето на Интернационалната Телекомуникациска Унија (ITU). Тоа што е позитивно е што за интернет во 2009 година плаќаме помалку одошто сме плаќање во 2008 година.
„Поефтините цени можат да го зголемат интернет пристапот и користењето, а високиот развој на ИКТ може да ги намали цените, според економската скала. Зголемената либерализација на пазарот и конкурентноста води кон поефтини цени што води кон поразвиена информатичко-комуникациска технологија.“ пишува во извештајот на ITU.