Тоа што го промени нашето општество денес се бежичните уреди, додека иднината е дигитални бежични медицински уреди, вели Ерик Топол, врвен кардиолог во својот говор на престижната TED конференција. Г-дин. Топол зборува за искористување на потенцијалот на модерната технологија со цел да се подобри информирањето на луѓето (пациентите) но и да се подобри информирањето на докторите за да обезбедат поефективно лекување. Клучни зборови: TEDErick Topolmedicineконференцијабезжични уредимобилнилекувањедокторипациентиТЕДwireless
Чешки безбедносни експерти открија ботнет мрежа и ја крстија како „Чак Норис“. Оваа ботнет мрежа - мрежа од инфицирани со вирус компјутери - се шири така што со помош на малициозен софтвер пробива рутери и DLS модеми. Малициозниот софтвер ги пробива рутерите така што им ги погаѓа едноставните лозинки, како на пример: admin, 123456, password... Клучни зборови: Chuck Norrisbotnetvirusмалициозен софтвервирусботнетЧак НорисрутерDSL модеммодем. безбедностхакерPC World
Тибетантскиот лидер е уште едно добро познато политичко име кое се приклучи на сервисот за микро-блогирање кој иако ограничува само 140 знака сепак се покажа како одличен сервис за комуникација и интеракција меѓу политиката и обичните граѓани. @DalaiLama за само 1 ден има над 50.000 следбеници на сервисот. Клучни зборови: Dalei lamaTwitterполитичарКинаТибетДалеј Ламаполитички лидерсервис за микро-блогирање
Холандската фирма Distimo ја објави својата презентација од Светскиот конгрес за мобилна техологија во која ја разгледаува состојбата на продавниците за мобилни апликации.
Нивната анализа го потврди фактот дека Apple е крал на мобилните апликации со над 150.000 апликации за разлика од Android кој има само 20.000 апликации. Интересен податок е што од 150-те илјади iPhone апликации дури 58% од нив се видео игри, а 18% се за забава.
На Twitter се појави измама која користи пораки како „LOL ова е смешно“ пропратен со линк кој ги води корисниците на лажен сајт што личи на Twitter барајќи од корисниците да се логираат доколку сакаат да ja видат „смешната“ слика.
Безбедносната компанија Sophos направи видео објаснувајќи како работи оваа измама. Пораките прво биле праќани како лични пораки но кои потоа се објавуваат јавно. Не е проблем доколку се отворат тие лажни страни, туку проблем е доколку ја внесете лозинката. Со тоа хакерите ќе имаат пристап до вашиот профил. Интересно украдените профили се користат за спамирање реклами за хербална виагра, вели Sophos.
Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.
„Информациската безбедност во Македонија е на многу ниско ниво. Луѓето настојуваат да направат софтвер без безбедносни анализи и од брзањето да го објават програмот им паѓа рејтингот бидејќи софверот е полн со ранливости. Никој не обрнува внимание.“ вели Ѓоко Крстиќ, креаторот на Zero Science Lab.
Цензурата и филтрирањето содржина се уште се актуелни теми. Покрај Австралија сега и Франција започна да си игра „Голем Брат“ одобрувајќи закони кои можат сериозно да ги лимитираат интернет корисниците да имаат пристап покрај порното и до важни информации. Од друга страна YouTube видео доби новинарска награда истакнувајќи го значењето на корисничко генерирана содржина. Неделава Microsoft конечно го најави екранот за избор на прелистувачи со кој европските интернет корисници ќе си одберат кој прелистувач да им се инсталира со инсталацијата на Windows. Неделава се одржа и Светскиот конгрес за мобилна технологија. Клучни зборови: FacebookYouTubeФранцијаАвстралијаголем братНеда СолтанИранWindowsпрелистаувачиСветски конгрес за мобилна технологијанеделен прегледнеделаваИТ.МКPesna.orgмакедонски народни песни
Училиште од Филаделфија ги шпионирало студентите во домашна атмосфера преку вебкамери на лаптопи кои им биле дадени за да им се помогне при учењето. Шпионирањето е откриeно откако едно дете било казнето „поради недолично однесување дома“, а заменик-директорот покажал фотографија сликана од веб камера како доказ, пишува BoingBoing. Клучни зборови: училиштешпионирањестудентивебкамеридомаФиладелфијасветтужба
Microsoft го најави екранот за избор на прелистувач за Windows наменет за европските корисници. Овој избор на прелистувачи е барање на Eвропската Унија за да се сруши монополот на Internet Explorer кој до сега се инсталираше заедно со Windows. IE држи над 65% од светскиот пазар на прелистувачи, а вистински конкурент му е само Firefox со дел од 25%, а потоа следат Chrome и Opera со по 5%, односно 4 отсто. Клучни зборови: MicrosoftЕвропска УнијапрелистувачChromeInternet ExplorerFirefoxOperaизборWindows
Немате дозвола да го погледнете овој ресурс. Треба да се најавите.