|
|
ИТ.мк
|
|
Објавено на: 11.02.2010
|
Искрено, не очекував дека многу наши посетители користат интернет на мобилен, но нашата анкета покажа дека и покрај релативно скапите тарифи за мобилен интернет сепак се користи.
Од 441 испитани, 28% или 125 корисници рекоа дека користат постојано интернет на мобилен, 25.4% изјавија дека користат но во вонредни ситуации, а интересно 23.8% рекоа дека би користеле мобилен интернет доколку пакетите се поефтини. Само 22.2 отсто или 98 корисници изјавија дека немаат потреба од интернет на мобилен. На кратко, малкумина користат мобилен интернет, но кога би биле поприфатливи условите многумина би сурфале преку мобилен. Клучни зборови: Анкета мобилен интернет испитаници facebook мобилна верзија скапи тарифи тренд
|
|
|
Свет
|
|
Објавено на: 11.02.2010
|
На годишнината на Иранската револуција од 11 фебруари 1979 година, иранските интернет корисници забележаа масовно блокирање на Gmail, како и прекини на интернет и СМС конекциите. Иранската влада се плаши од дополнителни протести за време на овој празник и ги блокира веб сервисите бидејќи за време на ланските претседателски избори се покажаа како корисна алатка за организирање на протестите и
за информирање на светот за настаните во земјата.
Клучни зборови: Iran Иран Gmail Google имејл сервис телекомуникации цензура филтер за содржина Иранска револуција протести свет
|
|
|
Интернет
|
|
Објавено на: 10.02.2010
|
Група хакери срушија неколку австралиски владини сајтови демонстрирајќи незадоволство заради планот да се постават филтри за онлајн содржина. Австралиската влада планира до 2011 година да постават филтри за содржина кои ќе блокираат несакана содржина како детска порнографија, женски оргазам, насилство, пиратерија... Но иако звучи корисно, многу интеренет корисници се незадоволни и се плашат дека филтрите и црната листа ќе служи како политичка цензура и ќе ја наруши слободата на говор.
Клучни зборови: Anonymous DDoS Австралија протести хакери сајбер напад парламент цензура порнографија свет фитлри за содржина
|
|
|
Интернет
|
|
Објавено на: 10.02.2010
|
FarmVille е одговорот зошто на луѓето им е интересен Facebook. На денот кога Google го презентираше својата друштвено мрeжа Buzz која треба да му конкурира на Facebook, еден интересен податок покажува дека апликациите, кои Google ги нема, се движечката сила на активностите на Facebook.
Клучни зборови: Farmville виртуелни добра валентин Google Buzz друштвени мрежи facebook апликации
|
|
|
Хак-атак/Приватност
|
|
Објавено на: 10.02.2010
|
Google воведе опција за побезбедна содржина на YouTube. Тоа значи дека можете да го искористите „Безбедносниот мод“ на YouTube и да не добивате содржина која може да ве навреди, која е вулгарна или политички некоректна.
Земајќи в предвид дека YouTube e вториот најпопуларен пребарувач, оваа корисничка само-цензура може да биде корисна за родителите кои сакаат да си ги заштитат децата од несакана содржина која ја има на тони на видео сервисот. Клучни зборови: YouTube безбедност безбедносен мод Google пребарува видео сервис коментари влугарност несакана содржина Safety Mode
|
|
|
Интернет
|
|
Објавено на: 10.02.2010
|
Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интергираран како додаток на Gmail сервисот... Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат... Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови. Клучни зборови: Google Buzz друштвена мрежа Gmail Facebook постови Twitter имејл друштвена платформа
|
|
|
Општо
|
|
Објавено на: 09.02.2010
|
Rimuvaj.mk е интересен made-in-mk веб сервис. Се работи за едноставен сервис кој нуди рима на зборовите. Сервисот и покрај тоа што е во бета, почетна фаза сепак нуди огромна листа на зборови. На секој збор што го внесов ми даде листа на зборови што се римуваат со него, што значи дека е и голем лексикон.
Клучни зборови: rimuvaj.mk зборови совет рима поезија рап веб сервис made in mk
|
|
|
ИТ.еу
|
|
Објавено на: 09.02.2010
|
Според истражувањето на EУ, 75% од тинејџерите се на интернет, а околу 50% од нив постираат свои лични инфомарации на интернет кои „остануваат засекогаш и можат да бидат видени од секој“. За да се заштитат корисниците Европската Унија на Денот за побезбеден интернет, 9 фебруари, стартуваше кампања „Think B4 U post“.
Клучни зборови: Think B4 U post ИТ.еу Вивиен Рединг Европска Унија ИКТ друштвени мрежи безбедност 9 фебруари безбедно на интернет europa.eu saferinternet.org
|
| Немате дозвола да го погледнете овој ресурс. Треба да се најавите. |
|
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >> |